Оваа вкусна маринада ќе стане кралица на секоја богата трпеза, а штом ќе ја пробате секогаш ќе ја подготвувате.
Првомајските излети не можат да се замислат без скара и подготовка на специјалитети од месо.
Доколку годинава сакате да пробате нешто ново, за вас имаме предлог за слатко-лута маринада.
Со овој рецепт, месото ќе биде посочно, а слатко-лутиот вкус ќе ги милува вашите непца.
Состојки:
- 100 грама кафеав шеќер;
- 1 лажица чили во прав;
- 1 лажица сол;
- 1 лажица мелена пиперка;
- 1 лажица лук во прав;
- 1 лажица бибер;
- 200 милилитри масло за јадење.
Подготовката на оваа маринада е многу едноставна. Потребно е само сите состојки да ги измешате и да ги ставите во затворен сад.
Месото ќе биде уште посочно доколку го оставите да отстои во маринада 24 часа.