Привлечно, но и опасно: Неодоливо задоволство за големите гурмани, но мора да внимавате кога го јадете...

Точка

06/10/2022

23:17

16.337

Големина на фонт

а а а

Мали, тркалезни и лепливи колачиња од ориз се особено популарни во Азија, но долго време во нив уживаат и Европејците.

Мочи доаѓа во многу варијации, а најчест е даифуку - тркалезни колачи исполнети со различни состојки како традиционална паста од грав, црн сусам, кикирики, па дури и сладолед. За да биде што попривлечно, често се бојадисува со бои за јадење.


Бидејќи тестото се прави од оризово брашно со неутрален вкус, мочи се служи и со солени јадења, најчесто супи и грицки. Подготовката на мочи започнува со долг процес на мелење ориз варен на пареа или во вода, обично од сортата мочигоме, а потоа се формира во густа и хомогена смеса, која потоа се рола и се обликува во топчиња.

Иако наводно потекнува од Кина, мочи се поврзува со Јапонија со векови. Првично се појавило за време на периодот Yayoi, железното време кога во него уживале само богатите, и било омилено до периодот Heian (последниот период од класичната јапонска историја, кој се смета за врв на културата), кога најчесто се подготвувало и се служело за време на верски церемонии бидејќи луѓето верувале дека тоа носи среќа и здравје.


Сепак, омиленото слатко на многумина им донело нешто сосема спротивно - гушење и смрт, најчесто за време на новогодишната прослава во Азија.

Поради својата гумена и леплива текстура, треба да се јаде со особено претпазливост, во мали залаци, за да се избегнат незгоди и несреќи.

Според јапонските медиуми, повеќето од оние кои итно се префрлени во болница поради гушење од мочи се луѓе на возраст од 65 или повеќе години, но може да бидат погодени и деца. Секоја година, колачите од ориз одземаат повеќе животи.

Ако одлучите да пробате мочи, ве предупредуваме, џвакајте го добро и полека.




Спонзорирани линкови

Маркетинг