(Видео/Фото) Познат мотивот за масакрот во Тајланд: Убиецот дошол да го земе детето, а збеснал кога дознал дека го нема

Макфакс

06/10/2022

12:59

5.518

Големина на фонт

а а а

Полицијата спроведува опсежна истрага за масакрот што се случи денеска во градинка во североисточниот дел на Тајланд. Во нападот на градинката загинаа најмалку 32 лица, меѓу кои и повеќе од 20 деца, некои на возраст од две години.

За убиството е осомничен поранешниот полицаец Панџа Кумбар, која минатата година доби отказ поради употреба на наркотици.

Иако се уште не е потврден мотивот за убиството, медиумите јавуваат дека Панџа утрово бил во судот на рочиште за поседување и консумирање наркотици.

После тоа, тој наводно влегол во автомобилот и се упатил кон градинката во која оди неговото дете. Како што се наведува, крвавото расплетување почнало кога дознал дека неговото дете не е во градинка.

Осомничениот со себе имал пиштол, нож и пушка, а во нападот убил најмалку четири наставнички, меѓу кои и една во осми месец бремена и повеќе од 20 деца. После тоа влегол во својот бел пик-ап и побегнал, а по пат удрил со возилото во група луѓе.

Панџа во градинката пристигнал нешто по 12:30 часот. По масакрот побегнал, а полицијата набрзо објави дека се самоубил.

Некои медиуми објавија дека ја убил сопругата и нивните три деца пред да се самоубие.





Спонзорирани линкови

Маркетинг