Големиот снукер шампион не е импресиониран од прошталниот меч на Федерер: Јас сигурно нема да го држам Рони за рака

Дерби

05/10/2022

12:59

21.348

Големина на фонт

а а а

Пензионирањето на Рожер Федерер донесе многу емоции и многу солзи во 02 арената, а иако најголем дел од фановите и спортските ѕвезди испратија енергични и трогателни пораки за она што го видоа, сепак има и такви кои не се преимпресионирани.

Таков е четирикратниот светски шампион во снукер, Шкотланѓанецот Џон Хигинс, кој вели дека за него сцените во Лондон биле и „малку морничави“, бидејќи тој своето заминување во пензија не може да го замисли со солзи и држење за рака со најголемиот ривал, во неговиот случај Рони О’Саливен.

– Не гледав се од 02 арената, но мило ми е што е така. Она што го видов ми беше малку без врска и малку морничаво. Рожер беше неверојатен играч, голем шампион, но држењето за рака со Надал и плачењето, тоа никогаш не би го направил.

– Дали може да ме замислите како се држам со Рони О’Саливен на неговиот последен меч во кариерата. Тоа сигурно нема да го видите од мене, бидете сигурни во тоа, – вели Хигинс, кој коментирајќи ја големата тениска тројка, се стави во кожа на својот сонародник.

– Малку ми е жал за Енди Мари. Тој се роди во ера на овие тројца великани. Тие се тројцата најдобри во историјата, а според мене, голем дострел за Енди беше тоа што успеа да им украде некоја титула, – додава Хигинс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг