Акциите на "Twitter" растат додека Маск предложува да се продолжи со преземањето: „Примивме писмо“

Точка

05/10/2022

07:49

11.701

Големина на фонт

а а а

Компанијата "Twitter" потврдила дека примила писмо од Илон Маск кој сака да ја купи таа социјална платформа. Маск сака да ја купи компанијата по цената договорена во април, која изнесува 54,20 долари по акција, пренесува "AFP".

Акциите на "Twitter" пораснаа на 4-ти октомври откако милијардерот Илон Маск предложи да се продолжи со преземање на оваа платформа по цена од 54,20 долари по акција, јавува "Reuters".

Акциите скокнале за повеќе од 22 проценти и завршиле на 52,00 долари откако пријавата на хартии од вредност покажала дека Маск има намера да продолжи со својата априлска понуда од 44 милијарди долари за преземање на "Twitter".


Компанијата потврдила дека примила писмо од Илон Маск кој сака да ја купи таа социјална платформа. Маск сака да ја купи компанијата по цената договорена во април, која изнесува 54,20 долари по акција, пренесува "AFP".

„Го примивме писмото. Намерата на компанијата да ја заврши оваа трансакција по дефинирана цена“, објавила групата од Сан Франциско на "Twitter".

Маск и претставниците на оваа компанија би требало да се најдат пред суд овој месец, а "Twitter" побарал налог со кој на Маск би му се наложило да го исполни својот договор од минатиот април за купување на компанијата по договорена цена.


Маск го раскинал договорот во август, велејќи дека е измамен во врска со бројот на несакани профили на "Twitter".

Маск е извршен директор на произведувачот на електрични автомобили "Tesla Inc". Акциите на "Tesla" се под притисок откако Маск прифатил да го купи "Twitter", а инвеститорите се загрижени за тоа колку акции од произведувачот на автомобили Маск би можел да продаде за да го финансира купувањето на "Twitter".




Спонзорирани линкови

Маркетинг