Лео се враќа дома: Меси од наредната сезона ќе го носи дресот на Барселона!

Дерби

04/10/2022

18:51

2.310

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси игра во одлична форма во оваа сезона како во дресот на Пари Сен Жермен така и во Аргентина, па со тие свои изданија одново е во фокусот на јавноста, аналитичарите, фудбалските работници.

Меѓутоа освен по неговите изданија Меси е интересен и поради неговиог договор, односно можноста од 2023 година да може да е пресели во нова средина со оглед на тоа што важечката соработка со „светците“ е до 30 јуни.

Веќе од јануари Лео може да потпише преддоговор со било која екипа со тоа што според медумите во игра се неколку опции. Најновата вест која ја соопшти аргентинската новинарка Вероника Брунати е дека напаѓачот се враќа дома или поточно од 1јули 2023 година тој ќе биде старо-нов член на Барселона.

Меси беше принуден да ја напушти Барселона пред две години поради финансиските проблеми на шпанскиот великан, односно „црвеното светло“ кое го доби од Ла Лига за новиот договор на Аргентинецот кој беше спремен и требаше да го потпише.

Потоа Лионел заврши во ПСЖ со тоа што таа приказна може да биде кратко ако се остварат најавите, информациите на Брунати.

Од друга страна пак Фабрицио Романо од свои извори блиски до Аргентинецот дознава дека фудбалерот засега нема ништо решено и тоа ќе го направи во наредната година.

Наводно нема никакви преговори и се отворено, па и да остане во ПСЖ со оглед на тоа што францускиот првак е подготвен да го „врзе“ со нов договор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг