Универзален полнач за сите мобилни уреди од есен 2024 година

Макфакс

04/10/2022

11:23

11.938

Големина на фонт

а а а

Од есента 2024 година, на потрошувачите од ЕУ повеќе нема да им треба различен уред и кабел за полнење на своите мобилни уреди секогаш кога ќе купат нов, и ќе можат да користат еден полнач за сите нивни преносни електронски уреди со мала и средна големина.

Ова законско решение денеска се усвојува во Европскиот парламент, по неколкугодишни преговори меѓу Парламентот и земјите членки на Унијата.

Според ЕП, овој закон е дел од пошироките напори на Унијата да ги направи производите поодржливи, да го намали е-отпадот и да им го олесни животот на потрошувачите.

Потрошувачите ќе треба да чекаат уште две години за спроведување на законот.


Мобилните телефони, таблетите, е-читачите, слушалките, дигиталните камери, тастатурите, слушалките, преносливите конзоли за видео игри и преносните звучници што може да се полнат преку жичен кабел ќе треба да бидат опремени со USB-C порта, без оглед на тоа од кого се направени

Лаптопите исто така ќе треба да се прилагодат на овие барања во рок од 40 месеци од стапувањето на сила на прописите.

Ова ќе доведе до заштеда од 250 милиони евра. Се проценува дека фрлените и неискористените полначи претставуваат околу 11.000 тони електронски отпад годишно.


Известувачот на ЕП Алекс Агиус Салиба, пратеник од Малта, вели дека оваа одлука ќе го „поедностави животот на европските граѓани“ и потсетува дека пред 12 или 13 години имало 33 типа полначи, само за паметни телефони.

„Денес, универзалниот полнач станува реалност во Европа. Потрошувачите повеќе нема да треба да купуваат полнач со секој нов мобилен уред“, вели Салиба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг