Амбер Херд во големи финансиски проблеми - повеќе пари им должи на адвокатите, отколку на Деп

Точка

03/10/2022

21:25

5.496

Големина на фонт

а а а

Амбер Херд е во огромни финансиски проблеми откако го загуби судскиот спор против поранешниот сопруг, Џони Деп.

Имено, во извештаите кои се појавија неодамна, се наведува дека актерката им должи повеќе пари на адвокатите, отколку на Џони Деп.

Според пресудата, актерката е должна на Деп да му плати нешто повеќе од 10 милиони долари, а според последните извештаи таа на адвокатите им должи уште поголема сума.


Со оглед на тоа што нема доволно пари да му плати на поранешниот сопруг, таа поднела жалба на пресудата.

Откако судијата одлучи дека Амбер Херд мора да му плати на Џони Деп 10,2 милиони долари, сега е откриено дека актерката им должи околу 15 милиони долари на своите адвокати.

Херд има милионски долгови кон своите поранешни правни застапници и неколку осигурителни компании кои наводно се вклучиле во тужбата, но во овој момент тие одбиваат да ѝ ги платат трошоците.




Спонзорирани линкови

Маркетинг