Секс-симбол и прва старлета во Југославија: Го завела Пачино, поради нејзе се распаднало „Бјело дугме“... Еве како изгледа денес

Точка

03/10/2022

21:00

10.403

Големина на фонт

а а а

Дијна Беќировиќ била млада девојка од мало село Лукавец која станала светска ѕвезда и им направила интервјуа на двајца папи, познати спортисти и политичари, го завела Ал Пачино, но и други познати личности од светот на музиката и филмот.

Како што сама сака да нагласи, нејзе не ѝ успеало ниту да му одолее на Горан Бреговиќ.

Оваа дама кариерата ја започнала уште како дете. Станала модел на свои 14 години, а во текот на осумдесеттите важела за секс-симбол во поранешна Југославија, но исто така постигнала и восхитувачки резултати како новинар во Италија каде и се преселила.

Своевремено таа се фотографирала за магазинот „Start“, но и за „Playboy“, а за неа зборувале дека е првата југословенска старлета.

Ќе остане запаметена дека токму таа го направила последното интервју со славниот возач во Формула 1 – Сена.

На први мај 1994 година, Бразилецот почина во текот на трката за Големата награда во Сан Mарино, а Дијана два дена претходно разговарала со него за прашања за живот или смрт.

„Го прашав зошто се крсти пред да седне во болидот и знае ли што значи тоа. Многу од луѓето не знаат зошто се крстат. Сена ги имаше најдобрите одговори затоа што истражувал, не беше површен. Другото прашање беше: Што мислиш кога возиш 300 км/ч.? или Дали веруваш во живот после смртта? Е, тука се задржавме најмногу. Тој имаше голема мисија на овој свет. Мислам дека неговата смрт почна да ја буди свеста кај луѓето. Беше многу ранлив“, се присетила водителката во едно интервју.

Арнолд Шварценегер отворено ѝ се додворувал, а еднаш раскажала дека ја обвиниле дека поради неа се распаднал бендот „Бјело дугме“.

„Живеев во Милано и се дружев со Владо Правдиќ, клавијатуристот на бендот. Беше заљубен во мене, но одеднаш се појави Горан Бреговиќ. А, кога Горан нешто сака, тоа и го добива. И, тука започна конфликтот меѓу двајцата членови на бендот. А, дали Горан ме украде од Владо? Па, да“, раскажала таа.

Исто така таа се присетила дека и Ники Лауда се тепал поради неа, дека ѝ се додворувал Род Стјуард и Кевин Костнер и дека разговарала со папата Павле II иако била под дејство на алкохол.

Дијана денес има 59 години и веќе подолго време живее во Лос Анџелес, а на Инстаграм е позната како Diana Niven.



Спонзорирани линкови

Маркетинг