Мбапе нема да игра за ПСЖ против Ница?

Макфакс

01/10/2022

14:43

2.257

Големина на фонт

а а а

Првата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе, би можел да го пропушти вечерашниот натпревар на својот тим против Ница, и тоа по барање на селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп.

Тренерот Кристоф Галтие, планира да го остави Килијан Мбапе на клупата за натпреварот против Ница. Вечерва „светците“ ќе ја пречекаат Ница во дербито на колото во францускиот шампионат.

Галтие сака да го одмори Мбапе откако тоа го побарал францускиот селектор. Поради насобраниот замор, ѕвездата на ПСЖ не тренираше со соиграчите по враќањето од обврските со националниот тим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг