(Фото) Ден за историја: Твитер ја објави првата едитирана порака – еве како изгледа

Точка

30/09/2022

16:05

14.007

Големина на фонт

а а а

Копчето „edit“ е реалност, а неговата функција е претставена на службениот профил „Twitter Blue“. Новитетот прво го добиваат претплатниците, а не е познато кога ќе биде на располагање за сите останати корисници.

Лесно воочлива

Многу е едноставно да воочите едитирана објава поради тоа што во долниот лев агол е истакната икона со пенкало, а покрај него го пишува и времето на измените (last edited).

Корисниците на популарната платформа (пре)долго ја бараа оваа опција. Некогашниот извршен директор на компанијата, Џек Дорси, своевремено изјави дека таква можност нема да биде достапна, но сè се смени во април 2022 година.

Корисниците кои издвојуваат по пет долари месечно за „Twitter Blue“ сервисот први ја добиваат функцијата, и тоа во Австралија, Канада, САД и Нов Зеланд, пренесува „CNET“.

Корисна опција

„Edit“ функцијата се однесува на пораките кои се веќе објавени, а може да биде корисна за поправање на печатни грешки или пак додавање текст.

„Објавите ќе можат да се уредуваат повеќе пати, во првите 30 минути. Ќе има посебна икона и временска ознака. Ќе постојат и можности за преглед на претходната верзија“, прецизирано е на официјалниот блог.

Да ве потсетиме, копчето „едит“ било во фокус на несудениот сопственик на Твитер Илон Маск, којшто моментално е во спор со компанијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг