Еден рибар од Австралија уловил ајкула со многу чуден и специфичен изглед, а не е исклучено дека открил нов вид.
Рибарот Трапман Бермагуи уловил необично длабокоморско чудовиште во близина на брегот на Нов Јужен Велс во Австралија.
Тој неочекуваниот улов го фотографирал и го споделил со своите пријатели на социјалните мрежи, а на фотографијата може да се види ајкула со испакнати очи и уста која изгледа како да се смее додека од неа излегуваат ситни заби.
The face of a deep sea rough skin shark. All the way from 650m.
Posted by Trapman Bermagui on Monday, 12 September 2022
Иако на фотографијата се забележуваат многу детали како груба кожа, голема шилеста муцка, испакнати очи и многу заби како ситни игли, ни експертите, а ни лаиците не можат да се согласат за кој вид точно станува збор.
Многумина на објавата прокоментирале дека е бразилска или гоблин ајкула. Меѓутоа, Бермагуи не се согласува со нивните претпоставки и открил дека според неговото мислење станува збор за ајкула од видот „Centrophorus moluccensis“.
Another crazy looking deep water shark. This one was caught by a fellow fisherman off JB.
Posted by Trapman Bermagui on Thursday, 15 September 2022
Дека станува збор за редок вид говори и податокот дека ни научниците не можат да се согласат за каква точно ајкула станува збор. Директорот на лабораторијата за ајкули на Државниот универзитет во Калифорнија, Кристофер Ли, изјавил дека оваа риба го потсетува на ајкулата која живее во длабоките води околу Австралија – „Dalatias Licha“. Тој додава дека е тешко да се одреди на кој вид припаѓа бидејќи не и се гледа целото тело, како и дека постои можност да се работи за неоткриен вид. „Постојано откриваме нови видови на ајкули од длабоките води и многу изгледаат слични едни на други“.
Морскиот биолог од Државниот универзитет на Флорида Дин Граб понудил друго гледиште, односно тој се сомнева дека рибата потсетува на видот од семејството гренландски ајкули – „Centroscimnus ovstonii“. Меѓутоа, други експерти како Брит Финучи од Националниот институт за истражување на води и атмосфера на Нов Зеланд веруваат дека Трапман можеби бил во право.