(Видео) Тито знаел што треба да купи: Вака изгледа неговата луксузна вила во Њујорк

Точка

29/09/2022

20:45

28.190

Големина на фонт

а а а

Прекрасната вила во Њујорк, попозната како дворец на Јосип Броз Тито, продадена е за 50 милиони долари.

„Даглас Елиман“ објави дека нивниот агент Тристан Харпер ја продал оваа историска вила од 200.000 метри квадрати која се наоѓа на адреса 854 Петта авенија во Менхетен.

Купувачот, бизнисмен од Лондон, ги платил сите трошоци во готовина.

Мермерната вила која во 1903 година ја дизајнирале архитектите Варен и Ветмор, во 1969 година била прогласена за индивидуално обележје на Њујорк поради „импресивните чистотии на стилот којшто е изведен со таква леснотија и авторитет“.

Резиденцијата има 32 големи соби и 12 бањи распоредени на девет нивоа.

Погледите од 10-те соби се насочени кон паркот, вклучувајќи и некои од најпознатите згради. Во времето на Студената војна на врвот од зградата наводно имало соба која никој не можел да ја прислушкува, а тоа биле непробојни прозорци кон Петтата авенија.

Поголем дел од оригиналните детали од куќата останале недопрени до денес, вклучувајќи две восхитувачки француски таписерии од 18-ти век кои се наоѓаат над големите скали, 17 камини, рачно насликани ѕидови кои потсетуваат на стара Европа, два лифта.




Спонзорирани линкови

Маркетинг