Видеото кое стана вирално за кратко време: Најубавата спортска новинарка падна во студиото во програма во живо, па имаше што да се види

Точка

29/09/2022

22:28

17.091

Големина на фонт

а а а

Атрактивната италијанска новинарка Дилета Леота, доживеала мала непријатност која ја насмеала јавноста, во текот на едно гостување во живо.

Имено, на Дилета еден од колегите „ја наместил“ да биде полиена со некој вид течност, а кога русокосата одлучила да му се одмазди – следел нејзиниот спектакуларен пад.

Дилета едноставно се лизнала, што не било ниту чудно поради тоа што носела високи потпетици, па набрзо потоа се нашла на подот.

Сите во студиото, како и самата водителка, почнале да се смеат – што значи дека немало никакви повреди.

Видеото секако дека веднаш почнало масовно да се споделува на социјалните мрежи и за кратко време станало вирално.

Исто така, многумина коментирале дека Дилета изгледала прекрасно и дека нејзините долги нозе дошле до израз поради краткото здолниште кое го носела, а зошто токму таа е една од најатрактивните новинарки на светот може да се уверите во следните фотографии.




Спонзорирани линкови

Маркетинг