3 фризури кои ги бришат годините од лицето: Лесно се одржуваат, ја прават косата бујна и изгледаат многу модерно

Точка

29/09/2022

16:54

9.944

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате да изгледате помладо, имаме одлични предлози за вас - 3 фризури кои ги бришат годините од лицето.

Фризерските експерти истакнуваат дека одреден тип фризури можат да направат да изгледате и да се чувствувате помладо.

Во продолжение, ви претставуваме 3 предлози за фризури кои од лицето бришат минимум 10 години:

Шишки и „меки“ слоеви околу очите

За супер брз начин како да го освежите изгледот, испробајте ги шишките-завеси (curtain bangs). Можете да направите и „меки“ слоеви околу лицето, бидејќи на тој начин ќе ги истакнете цртите на најдобар можен начин. Единствено на што треба да внимавате при правењето шишки е да не се премногу кратки и „остри“ бидејќи слоевите се клучни за постигнување младешки изглед.

Кратка фризура богата со волумен

Ако сепак сакате кратка фризура, експертите предлагаат дека одржувањето на волуменот и густината, особено од задната страна на главата, е клучно за младешки изглед. Ако сте загрижени за текстурата на својата коса, можете да постигнете прекрасен волумен со креирање на слоеви и користење на соодветни производи кои на вашата коса ќе ѝ ја овозможат потребната текстура и доза на лелеавост.

Рамен или кос боб

Оваа фризура веќе петта година по ред е апсолутен хит. Дека не е излезена од мода, потврди и убавата српска инфлуенсерка Тамара Калиниќ која ја покажа споменатата фризура на Модната недела во Милано. Она што може да се каже за оваа фризура е дека таа е исклучително лесна за одржување и одговара на речиси секој облик на лицето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг