5G за секого: Македонски Телеком ги претставува T Phone и T Phone Pro

Точка

29/09/2022

12:03

13.789

Големина на фонт

а а а

Ширењето на 5G технологијата има трансформирачко влијание врз многу аспекти на современиот живот. 5G е многу повеќе од гигабитни брзини; покриеноста и пропусниот опсег што ги обезбедува нè водат чекор поблиску до дигиталната иднина.

Дојче Телеком и неговите национални подружници континуирано инвестираат за да обезбедат покриеност со 5G мрежа секаде. Сепак, главната бариера за пристап до придобивките од поврзаната технологија денес е високата цена на 5G паметните телефони.

Како дел од Дојче Телеком Групацијата, Македонски Телеком верува дека дигиталното поврзување треба да биде достапно за секого. Затоа, за да можат сите да бидат дел од дигиталната иднина, Македонски Телеком ги претставува T Phone и T Phone Pro: 5G за секого. Првите телеком 5G смартфони ќе бидат достапни за корисниците од 5 октомври.


Со овие нови уреди, нашите корисници можат да уживаат во можностите на нашата 5G мрежа којашто постојано се шири, почнувајќи од забава до безброј дигитални производи и услуги - по многу достапна цена.

T Phone и T Phone Pro ги нудат најбрзите и најсигурни мрежни брзини во нивниот пазарен сегмент. Моделите имаат 6,82” и 6,52” HD+ дисплеи, со големи батерии за да останете поврзани во движење, опција за брзо полнење од 15 W, камери со висока резолуција и премиум дизајн, кој вклучува сензор за отпечатоци од прсти Magenta.

Партнерството на Дојче Телеком со Google гарантира дека T Phone и T Phone Pro нудат навистина беспрекорно искуство за крајниот корисник, комбинирајќи софтвер и хардвер за да се создаде пар од навистина достапни 5G паметни телефони кои го отклучуваат целосниот потенцијал на 5G мрежата без да се загрози квалитетот, искуството или безбедноста.

Сите корисници на T Phone ќе добијат дополнителна придобивка: 100 GB простор за складирање на cloud за три месеци преку Google One без дополнителна наплата.

Повеќе информации за T Phone и T Phone Pro:

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг