ЕВН со пресврт во второто полувреме до победа над Халк Банка

Точка

29/09/2022

10:29

23.140

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

ЕВН со пресврт во второто полувреме до победа над Халк Банка

ЕВН 4-3(1-3) Халк Банка

ЕВН: Наум Бадаловски 8’ Ајет Новобрдалија 24’ Вилијам Митев 29’ Бојан Симоновски 35’

Халк Банка: Мартин Дамески 5’ Алпер Тахир 13’ Игор Стојановски 18’

Дуелот помеѓу екипите на ЕВН и Халк Банка започна со офанзивна игра на двете страни, двете екипи играа пресинг не дозволувајќи му на противникот да дојде до отворена шанса за гол. Во текот на целото прво полувремесе играше фудбал кој бараше висока физичка подготвеност, двете екипи со чести измени го одржуваа ваквото високо ниво на игра. Екипата на Халк Банка го отвори резултатот во 5тата минута преку погодокот на Дамески, а ЕВН преку Бадалоски само 3 минути подоцна дојде до израмнување од 1-1. До крајот на полувремето екипата на Халк Банка успеа да искористи повеќе од шансите па на паузата замина со предност од 1-3. Во второто полувреме екипата на ЕВН ги консолидира своите редови и со долги акции и добро организиран напд ја стопи предноста на Халк Банка и дојде до израмнување на 3-3. Драги Стојанов тренерот на ЕВН во игра внесе голман играч со што се створи вишок во нападот па во 34та минута преку Симоновски ЕВН дојде и до целосен резултатски пресврт. Во финишот од натпреварот екипата на Халк Банка се обиде да дојде до повторно израмнување но ЕВН одлично ја постави својата одбрана па го доби овој натпревар со 4-3.

Во дерби натпревар DHL и Пивара Скопје ги поделија бодовите

DHL 1-1(0-0) Пивара Скопје

DHL: Драган Златановски 33’

Пивара Скопје: Mато Живиќ 36’

Динамично првво полувреме ни прикажаа екипите на DHL и Пивара Скопје, двете екипи во овој натпревар влегоа максимално мотивирани и се бореа за топка на секоја педа од теренот. Двете екипи со офанзивна игра се обидуваа да дојдат до погодок но голаминте во овој дуел беа на ниво на задачата па мрежите мируваа. Во финишот од полувремето двете екипи имаа по неколку одлични шанси но слаба реализација па на паузата се замина со резултат од 0-0. Во второто полувреме и двете екипи продолжија со цврста игра пред се во делот на одбраната каде што се играше доста цврсто и максимално борбено за секоја топка, во ваквата игра тешко се доаѓаше до отворена шанса за гол. Во самиот финиш од полувремето во 33та минута екипата на DHL преку Златановски успеа да поведе со 1-0, гол кој се чинеше дека носи победа но Пивара Скопје го имаше во своите редови вечерва расположениот Живиќ кој со соло акција успеа да израмни на 1-1 и да обезбеди на својата екипа реми.

Ван Хоол ја задржа предноста од полувремето за победа над А1

Ван Хоол 6-2(3-1) А1

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 3’ 32’ Ненад Саздовски 16’ Дарко Андоновски 20’ Стефан Стојановиќ 36’ 40’

А1: Анѓело Лазаревски 4’ Иле Никодиновски 23’

Екипите на Ван Хоол и А1 натпреварот го започнаа со отворена игра и целосен акцент на играта во нападот уште на почетокот од полувремето во 3та минута преку Стаменковски екипата Ван Хоол поведе со 1-0, но А1 веќе во следниот напад успеа го израмни резултатот преку погодокот на Лазаровски. Натпреварот продолжи во исто темпо се до втората половина од полувремето кога екипата на Ван Хоол со два погодоци преку Саздовски и Андоновски успеа да поведе со 3-1. Во второто полувреме екипата на А1 се обидуваше да анулира негативата од првото полувреме но Ван Хоол играше смирено со долги напади се со цел да ја задржи предноста. Во средината на второто полувреме А1 во своите редови внесе голман играч како би имале играч плус во нападот, но и ова не вроди со плод па на крајот Ван Хоол славеше со 6-2.




Спонзорирани линкови

Маркетинг