„Само 3 знаци од хороскопот се посебни“: Најпознатиот астролог тврдел дека тие можат да го освојат светот

Точка

28/09/2022

18:40

10.329

Големина на фонт

а а а

Евгенија Давиташвили, позната како Џуна, била руска исцелителка, писателка, сликарка и јавна личност. Нејзините астролошки прогнози биле многу ценети ширум светот.

Уште во времето на СССР Џуна била позната како јасновитка и исцелителка. Луѓето од целиот свет оделе кај неа за да ја прашаат за совет или пак да им ја прочита судбината.

Но, тоа што сите најмногу го паметат се нејзините зборови дека само три знаци од хороскопот се посебни и дека тие ако сакаат можат да го освојат светот.

Овен

Животот на Овенот е како ролеркостер, а сè поради нивниот посебен карактер. Претставниците на овој хороскопски знак, како што верувала Џуна, постојано сакаат сè одеднаш. Но, забораваат дека животот не е бајка и дека не се во земјата на чудата.


Меѓутоа, комбинацијата на повеќе различни околности може да даде слични резултати. Од друга страна, подготвеноста на Овенот на било каков исход и жртва е огромна гаранција за успех. Овој хороскопски знак е отворен и искрен, неговите претставници се полни со интересни трикови и подготвени се да се обидат да ги применат.

Лав

Лавот е грабливец, т.е. оној којшто не е само подготвен да уништи сè што ќе му се најде на патот, туку и оној којшто знае да успее. Доколку сте добро запознаени со дури еден Лав, веројатно веќе знаете колку вешто можат да чекаат и колку можат да бидат тешки нивните стратегиски игри. Џуна забележала дека нивната способност на чекање понекогаш едноставно е неверојатна – тоа може да биде и со години јасно очекување на моментот кога мора да направат остар прилив на енергија, низ активности и на крај да ја добијат заслужената награда.

Истовремено, Лавовите не можат да се откажат доколку не успеале. Те ќе смислат нов план и ќе продолжат понатаму. Способноста на овој знак да преземе контрола над себе едноставно е неверојатна.

Риби

Џуна верувала дека овој хороскопски знак секако е потценуван, но залудно. На почеток тивките Риби, брзо совладуваат нови луѓе, не сакаат да влегуваат во конфликт и мирно и без пресметки тргнуваат кон својата цел.


Без оглед на фактите дека Рибите изгледаат повлечено, во нивната глава всушност се случува активен мисловен процес. Сè додека се прашувате зошто се толку чудни и оддалечени, Рибите брзо ја истражуваат целата ситуација и преземаат контрола над апсолутно сите. Секогаш се еден чекор пред другите.

Тие знаат како да делуваат крајно пасивно во периодот кога другите се во конфликт. Тие знаат да заработат пари на начин на кој можеби никој не се сетил – тоа е вештината која Рибите ефективно ја користат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг