Меси тргна да потпишува автограм среде натпревар, обезбедувањето за малку ќе го „собереше“

Дерби

28/09/2022

12:57

1.810

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси имаше уште една одлична епизода во дресот на аргеннтинската репрезентација на која со два гола и помогна да слави над Јамајка (3-0).

Асот на ПСЖ влезе во второто полувреме, но тоа не му пречеше да даде два мајсторски погодоци и со тоа стави точка на сите дилеми околу победникот ако воопшто истите постоеа на дуелот кој се одигра на „Ред Бул Арена“.

И на овој меч навивачите се обидоа да бидат што поблиску до Меси, да добијат спомена, па така еден влета на теренот по голот за водство од 2-0 и побара од напаѓачот да му се потпише на грбот.

Лео тргна тоа да го прави, но во меѓувреме стигна обезбедувањето кое за малку ќе го собереше и Аргентинецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг