Популарната серија на „Netflix“ со сцените со канибализам ги згрози луѓето: „Ми се слоши...“

Точка

24/09/2022

15:02

4.694

Големина на фонт

а а а

Најновата серија на „Netflix“, која го прикажува животот на серискиот убиец Џефри Дамер, веќе предизвика шок меѓу обожавателите на криминалистичкиот жанр, а многумина кажале дека им се згадило од сознанието на длабочината на злосторствата на канибалот.

Серијата вклучува сцени во кои Дамер храни жена со сендвич наполнет со човечко месо, како и приказ на неговите методи на намамување на жртвите, нивното однесување и фактот на грозните дела кои им ги правел.

„Netflix“ претходно кажа дека серијата има цел да ја осветли „сè уште нераскажаната приказна за жртвите на Дамер, луѓето кои се обиделе да го запрат и пропустите на системот кои му овозможиле да продолжи со својот убиствен поход повеќе од деценија“.

Многу од гледачите не го криеле гадењето од тоа што го виделе:

„Приказната за Џефри Дамер е апсолутно луда, ми се згади“, напишал еден корисник на Твитер.

„Овој тип бил и повеќе од болен“, се согласил друг.

„Ми се згади од гледањето на реални места на злосторства и фотографии од жртвите“, заклучил трет.

Дамер бил фатен во 1991 година и осуден на доживотна затворска казна поради убиства и распарчување на 17 мажи и момчиња меѓу 1978 и 1991 година.

Сите 10 епизоди од серијата за убиецот се достапни за гледање на „Nеtflix“, а уште сега на IMDb серијата има оцена 8.5.