Атанасов: Со голема борбеност и агресивност до победа против Грузија

Макфакс

20/09/2022

17:08

1.948

Големина на фонт

а а а

Mакедонскиот репрезентативец Јани Атанасов верува дека Македонија може да оствари победи на последните натпревари од Лигата на нации, против Грузија во Тбилиси и против Бугарија во Скопје.

Играчот за врска на Хајдук Сплит најавува голема борбеност и агресивност на нашиот национален тим што треба да резултира со победи на овие дуели.

„Ни недостигаат многу играчи, но ние што сме тука ќе го дадеме максимумот, како и секогаш кога играме за репрезентацијата. Сега е време да го докажеме тоа и да освоиме три бода. Селекторот ги постави коцките за дуелот во Тбилиси, а ние само треба да ги извршиме зададените задачи. На натпреварот во Скопје не бевме толку агресивни, но сега ќе покажеме агресивност и желба за победа. Во селекцијата има доста млади играчи кои се желни за успех и докажување во дресот на Македонија“, изјави Атанасов.