Oваа фотографија привлекла многу внимание, а никој нема одговор на нелогичноста која се наоѓа на истата.
Фотографијата настанала во 1900 година во Белфаст. Таа изгледа крајно обично и на неа се наоѓаат 15 работнички со прекрстени раце.
Тоа што сите го забележале и што е крајно несекојдневно е тоа што втората работничка одгоре на рамото има нечија рака.
Тоа не би било интригантно доколку на сите работнички рацете не им се прекрстени. Исклучок е жената која се наоѓа во истиот ред, но на левата страна од фотографијата, па така невозможно е нејзината рака да е поставена на рамото на кое се наоѓа нечија рака.
Yah photo 1900 ki he mystery dikhati hai Gaur se Dekho is photo ko #MYSTERY #Likey #tween pic.twitter.com/gdvMlwrnCC
— im_devli_bro (@ImDevli) July 28, 2022
Оваа фотографија предизвикала морничавост кај сите кои ја погледнале затоа што и после толку години никој не може да одговори на тоа прашање.
Луѓето претходно зборувале дека станува збор за дух, а со оглед на тоа што никој не можел да даде друго објаснување, многумина почнале да веруваат во таа теорија.