Челси не победи, Потер горд на тимот: Одговорот беше брилијантен…

Дерби

15/09/2022

11:28

1.129

Големина на фонт

а а а

Грем Потер дебитираше на клупата на Челси и тоа со реми против Салцбург во Лигата на шампионите.

Наследникот на Томас Тухел својот прв меч го имаше на „Стемфорд Бриџ“, но не успеа да има победнички старт иако „сините“ беа фаворити на оваа пресметка. Домаќините ја имаа топката во своите нозе, упатија повеќе удари од противникот, меѓутоа на крајот е резултатот е оној кој се бори, а истиот на семафорот гласеше 1-1.

- Играчите дадоа се од себе. Бев горд со тоа како тие се однесуваа, не беше лесно со промена на тренерот и се што доаѓа со тоа, но нивниот одговор беше брилијантен. Од гледна точка на вложен труд, тоа беше 100 проценти, - порача Потер по средбата во Лондон.

Челси нема обврски овој викенд (одложен е дуелот со Ливерпул) што значи дека тимот ќе биде на „одмор“ до 1 октомври кога следува пресметка со градскиот ривал Кристал Палас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг