Поради смртта на кралицата Елизабета за денес се одложени сите спортски настани во Велика Британија. 96-годишната кралица почина во четвртокот вечерта, а први се огласија организаторите на трките со коњим кои веднаш беа откажани. Потоа беше откажан и вториот ден на турнирот во голф-шампионатот ПГА, кој требаше да се одржи в недела.
Од англиските фудбалски лиги одложени се натпреварот од Чемпионшип меѓу Барнли и Норвич и натпреварот од Лига 2 меѓу Транмере и Стокпорт Каунти.
Одложувања има и во Шкотска, па одложен е дуелот меѓу Ков Ренџерс и Данди. Нема да се одржи и шестиот ден од велосипедската трка околу Британија.
Засега нема донесено одлука за натпреварите од Премиер лигата, кои треба да се играат викендов.