Британската фунта на најниско ниво наспроти доларот во последните 37 години

Точка

07/09/2022

18:29

2.299

Големина на фонт

а а а

Британската фунта падна на најниско ниво во однос на доларот од 1985-та година, поради страв од рецесија и инфлација.

Доларот се доживува како "валута за прибежиште", јавува "France Presse".

Како знак за тежината на работата што ја чека новата премиерка Лиз Трас да ја оживее британската економија, фунтата денеска во околу 14 часот изгубила 0.96 проценти од вредноста на 1.1409 наспроти доларот, што е најниско ниво во последните 37 години.


Трас вчера во изјавата пред Даунинг стрит ветила дека повторно ќе ја изгради економијата и ќе "ја преброди бурата која се надвила над земјата", што е многу тешка работа, пренесува агенцијата "AP".

Таа ја наследи економијата во потешкотии, на раб на потенцијално долга рецесија со рекордна инфлација, која според прогнозите дополнително ќе се влоши во наредните месеци и милиони луѓе кои бараат помош од Владата за да излезат на крај со астрономските цени за енергија.