238 санкционирани возачи во Скопје, 78 за брзо возење

Макфакс

28/08/2022

10:01

1.536

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 238 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78 санкции, 31 мерка за управување под дејство на алкохол, 21 мерка за возење без возачка дозвола, осум санкции за некористење на сигурносен појас.

Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон, 16 мерки за нерегистрирани возила, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за недавање првенство на минување на пешаци, седум санкции за возач почетник…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг