(Фото/Видео) Стар „iPhone“ продаден за 35.000 евра: Можеби и вие имате ист модел дома

Точка

27/08/2022

16:45

30.617

Големина на фонт

а а а

„iPhone“ од 2007 година којшто никогаш не бил користен е продаден на аукција за неверојатни 35.000 евра.

На интернет може да се пронајде првата генерација на револуционерни телефони, но ретко во оригинално неотворено пакување.

Испиша историја

На кутијата гледаме приказ на телефон којшто засекогаш го смени „Apple“, како и 12 фабрички инсталирани апликации.

Првиот паметен телефон од Купертино располага со 8 GB меморија, што е ништо спроти 128 GB од последниот „iPhone 13“.

Поседува 3.5-инчен дисплеј, а најверојатно станува збор за првата серија поради тоа што нема инсталиран iTunes, пренесува „The Sun“.

Пред конкуренцијата

„iPhone е револуционерен производ којшто е пет години пред сите телефони на пазарот“ , изјавил во текот на премиерата Стив Џобс.

Да ве потсетиме, првата генерација на уредите чинела околу 350 евра.

Покојниот шеф на компанијата „Apple“ ќе остане запаметен по своите презентации, па ве советуваме да го погледнете наредниот прилог: