На работа со шал и подебел елек: Германците го ограничуваат греењето на работа на 19 степени

Точка

24/08/2022

20:35

2.988

Големина на фонт

а а а

Мерките, кои би требало да стапат на сила до крајот на февруари следната година, предвидуваат скалите и ходниците повеќе да не се загреваат. Од тоа правило се исклучени медицинските установи, градинките и училиштата.

Германската влада во средата донела пакет мерките поради штедење на енергија, вклучувајќи ограничувања на греењето на работното место на најмногу 19 степени.

Мерките, кои би требало да стапат на сила до крајот на февруари следната година, предвидуваат скалите и ходниците повеќе да не се загреваат, а на работните места кои бараат тешка физичка работа просториите би се грееле на најмногу 12 степени.

Од тоа правило се изземени медицински установи, градинки и училишта.


На продавниците и деловните простории им е забрането долготрајно отворање на влезните врати за да се спречи загуба на топлина, а на приватните домаќинства греење на базени со гасни или електрични греалки. Владините мерки за штедење на енергија се однесуваат и на осветлување на деловни објекти. Светлечките реклами, како и осветлувањето на излозите нема да смеат да бидат вклучени од 22 до 6 часот наутро, со исклучок на излозите во пешачките подвозници.

Јавните згради повеќе нема да смеат да користат надворешно осветлување, вклучувајќи и осветлување на културните споменици, одлучила владата.


Министерот за економија Роберт Хабек рекол дека со тие мерки може да се заштедат до два и пол проценти од вкупната потрошувачка енергија во Германија. Целта на владата е 20 проценти.

„Се наоѓаме пред задача од национални размери. Секој придонес се брои“, истакнал Хабек.




Спонзорирани линкови

Маркетинг