Освен што освежува во летните денови, мангото е чувар на здравјето на срцето и дигестивниот систем.
Постојат бројни љубители на ова овошје, но ретко кој знае колку истото е важно за нашето здравје.
Една од главните предности на мангото е тоа што го зајакнува имунолошкиот систем.
Мангото е богато со витамин А, Ц, Е и неколку витамини од групата Б, како и бакар и фолати – хранливи состојки кои го зајакнуваат имунитетот и помагаат во одржување на оптималното здравје. Овие витамини и хранливи материи му помагаат на телото да го подобри својот одбранбен систем.
Едно манго дневно може да ги спречи сите проблеми со кожата. Ова овошје е преполно со витамини и хранливи материи кои се корисни за здравјето на кожата, а некои од нив се бета-каротен, витамин Ц, А и Е како и антиоксиданти, кои го поттикнуваат производството на колаген, што за возврат ја прави кожата здрава и мека.
Една од главните предности на мангото за кожата е тоа што помага во борбата против воспаленијата и го одржува нејзиниот сјај.
Семето и лушпата на мангото содржат моќен антиоксидант наречен мангиферин кој се бори против воспаленијата и ја лекува кожата одвнатре.
Проблемите со варењето станаа прилично вообичаени, но дали сте знаеле дека мангото може да го подобри здравјето на дигестивниот систем? Овој плод содржи амилази, група дигестивни ензими кои му помагаат на телото да ги разгради големите молекули на храна поради подобра апсорпција. Покрај тоа, содржината на вода и диетални влакна во мангото помагаат при проблеми со дигестијата.
Една студија покажала дека секојдневното консумирање манго им помага на лицата со симптоми на хронична констипација.
Една од најневеројатните здравствени предности на мангото е тоа што го одржува вашето срце здраво. Мангото е богат извор на магнезиум, антиоксиданти, калиум и витамин К, кои ги штитат крвните садови од оштетување и го одржуваат оптималното ниво на крвниот притисок. Покрај тоа, мангото поттикнува здрав проток на крв, го намалува нивото на холестерол и го штити срцето од воспаленија и оксидативен стрес.