Со мали промени можно е значајно да го смените изгледот на вашиот дом, а особено детските соби.
Во зависност од детето, неговиот пол и интереси, здодевното катче лесно може да се претвори во магично место за секое дете.
Најлесен начин за трансформирање на детската соба е да ги обоите сите ѕидови или барем еден во нијанса по желба.
На располагање ги имате сите снежно бели, преку нежни пастелни нијанси до поизразени тиркизни или впечатливи розови бои.
Собата може да ја освежите и со самолепливи тапети со атрактивни детали, нов тепих или интересна ламба.
Понекогаш најдобриот украс на домот се предмети кои веќе ги имате – омилените книги, играчки или врамени фотографии. Уредно организирајте ги, распоредете ги и изложете ги на видливо место, како на пример некоја полица.
Доколку сакате да уредите мала соба, набавете кревет на спрат и мултифункционални парчиња мебел – како работна маса со вградени полици која штеди прoстор.