Бајага се налутил поради прашање за разводот од сопругата Емилија: „Зошто ве интересира како јас се чувствувам?“

Точка

19/08/2022

15:38

5.287

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер беше отворена традиционалната белградска манифестација, 19-то издание на „Beer Fest“, а првиот концерт го одржал Момчило Бајагиќ – Бајага.

Бајага во интервју пред настапот зборувал за својата кариера, песните, публиката, но и за приватниот живот поради кој неодамна беше во центарот на вниманието на јавноста, поради разводот од сопругата Емилија.

Имено, новинарите го прашале музичарот како се чувствува како слободен човек, на што Бајага бурно изреагирал.


„Не ме интересира што вас ве интересира како јас се чувствувам како слободен човек. Нема да кажам“, кратко изјавил Бајага.

За потсетување, во медиумите од регионот неодамна одекна веста дека Момчило се разведува од сопругата Емилија со која беше речиси 4 децении заедно.

Бајага претходно во медиумите зборуваше за тоа како токму неа ѝ ги посветил сите свои песни.


Музичарот само еднаш јасно се огласи по повод разделувањето со Емилија, и тоа на својот Фејсбук профил:

„Иако не сум поддржувач на јавното мислење и за тоа нештата од приватниот живот да се провлекуваат низ жолтиот печат... иако веројатно веќе сите знаете... па и јас да се огласам. Официјално разведен!“, напиша Бајага на Фејсбук.



Спонзорирани линкови

Маркетинг