Момчило Бајагиќ – Бајага и неговата сопруга Емилија се разведуваат по 33 години брак

Точка

18/07/2022

22:08

13.131

Големина на фонт

а а а

Популарниот естраден пејач Момчило Бајагиќ – Бајага стави крај на бракот со сопругата Емилија Бајагиќ, пишува српскиот „Објектив“.

Точната причина за нивниот развод не е позната, а пејачот со сопругата и претходно ретко се појавуваше во јавноста – за последен пат беа видени заедно уште во 2019 година.

Близок извор за српскиот медиум изјавил дека помеѓу сопружниците веќе некое време немало „искри“:


„Едноставно повеќе не можеа заедно. Помеѓу нив веќе подолго време нема „искри“, го одржуваа својот хармоничен однос само поради своите деца“.

„Морам да напоменам дека немаше кавги или погрдни зборови, туку станува збор за заситеност. Не сакаа тоа да биде медиумски проследено за нивните деца да не поминуваат низ сето она што ги следи јавните личности кога се разведуваат, така што брзо се договорија“, додал изворот.

Бајага и Емилија беа долги 33 години во брак, а претходно парот беше 7 години во врска. Нивната приказна започнала на многу интересен начин – во автобус.


„Еми живееше во Земун, а се запознавме во автобус. Во автобус за првпат ја прашав дали сака да излезе со мене во недела, а таа ми одговори дека не излегува во недела. Со тоа некако како да ме „олади“ бидејќи кој не излегува во недела? Ема веројатно излегуваше во сабота, не знам. Потоа не ѝ поставив никакво дополнително прашање, ми беше непријатно. Дури по неколку месеци започнавме да се гледаме“, раскажал пејачот во една прилика.

Парот се венчаше во 1989 година, а една година подоцна го доби синот Марко. Во 1998 година се роди нивната ќерка Анџела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг