Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва од Брисел, каде што учествуваше на разговорите меѓу Белград и Приштина, изјави дека ова е тежок ден за Србија и истакна дека ќе продолжи да се бори за мир и стабилност.
„Тешкиот ден е зад нас, тоа беше тежок ден за сите граѓани и за целата држава, не можам да кажам дека заврши успешно, но се воздржувам од други коментари бидејќи се надевам дека е можно по некое чудо да стигнеме компромисно решение.Затоа ќе продолжам да се борам за мир и стабилност“ – објави Вучиќ во видео обраќањето на Инстаграм.
Тој најави дека ќе им се обрати на граѓаните во следните 48 часа.
„Едвај чекам да се вратам во Србија!“ – напиша претседателот, пренесува „Танјуг“.