Мбапе против Меси: Легендата на англискиот фудбал даде свое мислење

Точка

18/08/2022

19:00

4.064

Големина на фонт

а а а

Французинот "полета" откако го продолжи договорот.

Килијан Мбапе во текот на оваа година беше на мета на Реал Мадрид. Во еден момент изгледаше дека ќе го гледаме во дресот на "кралскиот клуб", но ПСЖ одигра "контра". Францускиот клуб крајот договори продолжување на соработката со Французинот до 2025-та година, во еден од најскапите договори во светот на фудбалот.

Имено, катарските сопственици до крајот на договорот на Мбапе ќе му исплатат неверојатно 435 милиони евра. Договорот се состои од три фази. Првата е тоа што Мбапе веднаш по потписот доби 100 милиони евра како бонус за верност. Потоа имаме три години соработка, секоја година по 50 милиони нето плата за Мбапе, а клубот ќе мора да исплати вкупно 300 милиони евра поради даноци и други давачки. И третата исплата оди во Монако. Клубот од кралството имал клаузула вредна 35 милиони евра која се активира доколку Мбапе го продолжи договорот.

Многу пари, а изгледа дека тие бројки на Мбапе му удриле во глава. Веќе во првите две кола од Лига 1 гледаме надмено однесување од страна на младиот Французин. Напаѓачот не ја следи акцијата ако топката не оди кај него, а видовме и неколку расправии со Нејмар и Меси. Сцената која "го крена" фудбалскиот свет, е таа каде Мбапе со рамо има посилен контакт со Меси, а таа ситуација ја прокоментирал и Вејн Руни.

„Играч на 22-23 години со рамо оди на Меси...Никогаш не сум видел поголемо его во својот живот. Некој нека го потсети Мбапе дека Меси на негови години веќе имаше четири Златни топки“, изјави тренерот на Ди-Си Јунајтед за "DeparSports".

Галтие ќе има полни раце работа. Неговиот тим делува добро на теренот, но прашање е каква е атмосферата во соблекувалната.




Спонзорирани линкови

Маркетинг