(Видео) Ваква подморница светот не видел досега: Дизајнирана е специјално за тајни операции

Точка

17/08/2022

16:25

27.949

Големина на фонт

а а а

Стартапот „Highland Systems“ од Обединетите Арапски Емирати го претставил концептот на подморница којшто повеќе личи на футуристичко (вселенско) летало, отколку на пловило.

Нивната визија подразбира радикален дизајн, надворешен и внатрешен, во однос на традиционалните подмрници.

Поголема брзина, помала потрошувачка

Подморницата „Kronos“ е дизајнирана за тајни операции, а со изгледот потсетува на ража.


На слична програма со име „Manta-Ray“, работи и американската DARPA, а наменета е за воената морнарица.

„Kronos“ може да прими 10 патници, со еден член на посадата. Благодарение на радијалниот дизајн, развива поголема брзина и бележи помала потрошувачка на гориво. Покрај воена примена, подморницата може да се користи и за комерцијални проекти и спасувачки мисии.

Погонски систем

„Kronos“ ја придвижува дуален мотор (дизел и електромотор). Класичниот агрегат овозможува максимална брзина до 50 км/ч. (под вода), односно 80 км/ч. (на површина).

Електроединицата со јачина од 1.200 KS дава автономија до 36 часа, додека пак полнењето на батеријата трае 1,4 часа, пренесува „Interesting Engineering“.

Подморницата може да „нурне“ до 250 метри, но оперативно е најфлексибилна до 100 метри.


Можно вооружување

Пловилото е долго 9.025, широко 7.432 и високо 2.89 милиметри, а тежи 10.000 килограми со вкупна носивост до 3.000 килограми.

За воени акции може да се вооружи со шест мини-торпеда, доволни да убијат и уништат непријателски бродови или поморски бази.




Спонзорирани линкови

Маркетинг