(Фото/Видео) Русите открија: Ја напуштаат Меѓународната вселенска станица, а вака ќе изгледа нивната вселенска станица РОСС

Точка

16/08/2022

15:24

23.914

Големина на фонт

а а а

Агенцијата „Роскосмос“ ја прикажала макетата на идната станица РОСС, со што биле потврдени намерите на Русија да ја напуштат Меѓународната вселенска станица по 2024 година.

Да ве потсетиме, одлуката била донесена кон крајот на јули, а новиот шеф на „Роскосмос“, Јури Борисов, изјавил дека сите обврски кон партнерите ќе бидат исполнети.

Најавени две фази

Макетата е претставена на воено-техничката изложба „Army-2022“. „Роскосмос“ соопштил дека РОСС ќе биде лансирана во две фази, но без прецизни датуми.


Во првата фаза, станицата ќе функционира со четири модули, додека пак подоцна ќе бидат додадени уште два, како и сервисна станица.

Кога ќе биде целосно оперативна ќе има простор за четири космонаути и бројна истражувачка опрема, пренесува „Reuters“.


Снимка од првиот модул

Руските медиуми шпекулираат дека првата фаза ќе биде реализирана во период од 2025-2026 година, а втората меѓу 2030 и 2035 година.

Да ве потсетиме, поранешниот шеф на „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин, на почетокот на 2021 година објави снимка од руски инженери во производствен погон.

Во таа прилика тој напишал: „Работа на првиот базен модел за нова орбитална, сервисна станица. Корпорацијата „Енергија“ доби задача сè да подготви за лансирање во 2025 година“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг