(Видео) Полицијата трага по возачот којшто со „формула“ возеше на автопат во Чешка

Макфакс

14/08/2022

17:00

30.054

Големина на фонт

а а а

Возачите на автопатот во Чешка беа изненадени кога забележаа „формула“ зад, до, но и пред нив.

Чешката полиција соопшти дека трага по возачот на „формула“, кој со голема брзина се движел по чешкиот автопат.

Социјалните мрежи беа преплавени со видео снимки од возачи на автопат кои ги престигнува Формула 1 болид.

Снимката доаѓа од автопатот кај Прибрам во Чешка, а припадниците на полициската служба бараат помош од граѓаните доколку имаат повеќе информации.

Анализирајќи го болидот, јасно е дека не се работи за болид од Формула 1, туку за постар модел на автомобил GP2, кој е забрането да се вози по јавни патишта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг