Има 15 милијарди долари и 23 деца: Еве како живее владетелот на Дубаи којшто го обожава Ѓоковиќ и за кој не постои зборот „невозможно“

Точка

14/08/2022

16:19

14.232

Големина на фонт

а а а

Приватниот живот на владетелот на Дубаи е под будното око на светската јавност веќе со години наназад.

Веруваме дека многу од вас не знаат многу за тоа кој е шеикот Мухамед бин Рашид ал Мактум.

Еве неколку интересни факти за него:

Владателот на Дубаи, според неофицијалните информации, има 23 деца со неколку жени и е еден од најбогатите луѓе на светот.

Сопственик е на „Godolfin“, најголемиот конгломерат за одгледување коњи и организатор на коњски трки и често е забележуван со британската кралица Елизабета Втора, како следат натпревари на хиподромот Аскот во Лондон, што е најзначајниот спортски настан во Велика Британија покрај тенискиот турнир Вимблдон каде тој обожава да го гледа Ѓоковиќ.

Уште неколку детали:

1. Шеикот е роден на 5 јули 1949 година и е истакнат член на апсолутната монархија на Обединетите Арапски Емирати кои ги составуваат седум држави од Арапскиот залив.

2. Потпретседател е, министер за одбрана и премиер на Обединетите Арапски Емирати.

3. Главниот град на Обединетите Арапски Емирати е Абу Даби, а втор по значење е Дубаи во кој владее токму Ал Мактум.

4. Шеикот Мохамед е петти најбогат монарх на светот, а неговото лично богатство се проценува на над 15 милијарди долари.


5. Шеикот Мохамед има 10 милиони следбеници на Твитер и речиси 5 милиони на Инстаграм.

6. Неговата врска со Велика Британија започнала во 1966 година кога на 17 години шеикот Мухамед отишол во Кембриџ. Подоцна студирал во кадетското училиште.

7. Тој бил присутен во 1968 година кога владетелите на Абу Даби и Дубаи биле во пустината за да се договорат да се повлечат од поранешниот британски протекторат во регионот. По формирањето на Обединетите Арапски Емирати во 1971 година, шеикот Мухамед станал министер за одбрана.

8. Шеикот бил одговорен за лансирање на компанијата „Emirates Airlines“ во 1985 година.

9. Заслужен е за огромниот економски раст во Дубаи.

10. Бил оженет шест пати и има 23 деца – 9 синови и 14 ќерки.

11. Тој го надгледувал градењето на највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа во Дубаи. Кулата од 828 метри била наречена по претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Калифа бин Зејед Ал Нахјан затоа што Абу Даби кога Дубаи бил во криза, дал огромна парична помош на соседниот емират.

12. Неговата регистарска табличка е 01.

13. Шеикот е основач на семејното претпријатие „Godolphin“ во кое се одгледуваат расни, тркачки коњи.

14. Познат е и како поет на класичен арапски јазик.

15. Една од неговите лични јахти била трета по големина на светот со 162 метри.

16. На сопствената веб-страница тој себеси се нарекува „лидер, татко, поет и витез“.

17. Сопственик е на компанијата која се нарекува „Dubai World“, а која води разни компании и вклучува 50.000 вработени во 100 различни градови ширум свет.

18. Еднаш кажал дека не постои зборот „невозможно“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг