Французин нурнал на 120 метри длабочина, поставен нов светски рекорд

Точка

11/08/2022

19:32

10.206

Големина на фонт

а а а

Францускиот нуркач Арно Жералд поставил светски рекорд во длабочинско нуркање со пераи, нурнувајќи на длабочина од 120 метри.

За да го собори рекордот, на Арно Жералд му биле потребни 3 минути и 34 секунди.

Ова било седми пат Французинот да постави светски рекорд и втор пат оваа недела.

26-годишниот Жаралд моментално се натпреварува во "Vertical Blue", годишно натпреварување кое се одржува на Бахамите.