(Видео) Готов за 10 минути: Неодолив појадок кој ќе го обожува целото семејство

Точка

10/08/2022

21:16

24.094

Големина на фонт

а а а

По советите на нутриционистите, појадокот никако не смее да се прескокнува, а со овој рецепт повеќе нема да имате изговор дека не можете да стигнете да си подготвите оброк наутро.

Во рок од 10 минути ќе имате спремно јадење, не само за вас туку и за целото семејство.

Потребни состојки:

- 4 тортиљи
- 3 јајца
- сол, црн бибер
- 100 гр. шунка
- 120 гр. кашкавал
- 1 домат
- малку путер

Начин на подготовка:

Премачкајте ја тавата со путер. Ставете ги јајцата во еден сад, додајте сол и црн бибер по желба и изматете ги.

Во загреаната тава ставете половина од јајцата. Одозгора ставете ја првата тортиља, а врз неа наредете шунка и рендан кашкавал, а потоа и втората тортиља, па домат и кашкавал. Врз кашкавалот ставете ја третата тортиља, шунката и повторно кашкавал, а потоа преклопете со четвртата тортиља.

Останатите јајца истурете ги одозгора, поклопете и оставете ја тавата на умерен оган. По 5 минути свртете и повторно поклопете и пржете уште 5 минути.



Спонзорирани линкови

Маркетинг