Маска за коса која го регенерира сувото и оштетено влакно: Потребни ви се само 3 состојки

Точка

10/08/2022

20:04

9.315

Големина на фонт

а а а

Маските за коса се неопходни во текот на летните месеци, особено ако сте се вратиле од летување на море или редовно посетувате базен.

Дрогериите и продавниците се полни со козметички производи за коса кои нудат чуда, а иако има квалитетни производи, тие во главно се многу скапи и ретко која жена може да си ги дозволи секој месец.

Но, секогаш постои природно решение кое е исто така многу делотворно. Маските за сува и оштетена коса од природни состојки ќе го регенерираат влакното по само неколку третмани.

Денеска ви претставуваме едноставна природна маска за оштетена коса од 3 состојки кои веруваме дека веќе ги имате во својата кујна.

Потребни состојки:

- 5 лажици маслиново масло
- 2 јајца
- 1 лажица мед


Начин на подготовка:

Најпрвин малку загрејте го маслиновото масло, а потоа добро изматете ги јајцата. Ставете ги состојките во еден сад, мешајте додека не добиете хомогена смеса, а потоа со широка четка нанесете ја на целата коса, како и на темето.

Замотајте ја косата со пластична фолија или ставете капа за туширање и оставете да делува 20 минути. Исплакнете ја косата со млака вода, а потоа измијте ја со благ шампон.

Ваквата маска користете ја еднаш неделно, а резултатите ќе ги забележите уште по првиот третман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг