Поранешен голгетер на Ферги му се нуди на Јунајтед: Би играл гратис за нив

Дерби

10/08/2022

10:56

2.005

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед на катастрофален начин ја почна новата сезона и ерата на Ерик Тен Хаг во Премиер лигата, бидејќи поразот од Брајтон ги врати случувањата неколку месеци во минатото.

Добриот пристап на летната турнеја внесе позитивни вибрации меѓу навивачите на Јунајтед, но веќе првиот меч во Премиер лигата повторно ги откри старите рани од минатата сезона, кои се уште не се залечени.

Тен Хаг има уште многу работа пред себе, но во ситуација кога клубот бара нов напаѓач и гаранција за голови, со интересна изјава од Америка се јави Чичарито Ернандез.

„Џокерот“ од времето на Сер Алекс Фергусон будно ги следи случувањата на „Олд Трафорд“ како голем фан на клубот, па вели дека е подготвен да се врати доколку им треба помош.

– Ако му требам на Јунајтед и тие дојдат по мене, веднаш ќе кажам да, ќе играм гратис за нив. Сите знаат дека би го направил тоа за нив. Сепак, сакам да го испочитувам и мојот актуелен клуб. Засега му стојам на располагање на Лос Анџелес Галакси, но сите знаат што мислам за Јунајтед.

– Јунајтед претрпе голема промена со заминувањето на Фергусон. Сер Алекс беше неверојатен, не може да се замени таков човек. Никој нема да направи ниту 80 проценти од тоа што го направи тој. Секој нов тренер има голем притисок и сите во клубот треба да се помират дека нема да се повтори такво нешто. Јунајтед мора да се адаптира на новиот менаџер и да го следи во неговиот пат, – заклучува 34-годишниот Чичарито.



Спонзорирани линкови

Маркетинг