Хит видео од Црна Гора, поради метежот на плажа луѓето се прашуваат – зар тука да летувам? Но, други ги „предомислуваат“ цените...

Точка

10/08/2022

10:04

31.898

Големина на фонт

а а а

Во екот на сезоната, на плажа во Сутоморе е „борба“ за место и пешкир од рано наутро, но бројни туристи одлучуваат да одат токму таму на одмор поради поволните цени и прекрасната забава.

Бројни туристи кои летуваат во Сутоморе, знаат дека на градската плажа во екот на сезоната „нема игла каде да падне“, сите лежалки се полни, а доколку на плажа дојдете малку подоцна, нема каде да го поставите вашиот пешкир.

Видеото кое се појави на социјалните мрежи докажува дека така е и оваа година – многумина поради поволните цени го бираат токму Сутоморе за одмор.

Видеото кое го споделил корисник на Твитер покажува дека додека едни уживаат на одморот таму, други се прашуваат како некој може да оди на такво летување.

„Одете од 7 до 12 и уживајте, а можете и со брод да појдете до прекрасната Краличина плажа каде нема метеж“, „Секогаш била тесна таа плажа, а и во 90-те имаше толкав метеж“, „И, тука да одам? Никогаш!“...

Цени во Сутоморе 2022 година

Цени во пекара: Парче пица 1,5 евро, бурек 1,80 евра, топол сендвич 2 евра. Мала пица може да купите и за 3 евра, додека пак фамилијарна 12 евра.

Цена на пијалаци: еспресо 1,20 евра, нескафе 2 евра, кисела вода 1,20 евра, сокови 2 евра, а исто толку чинат и пивата. Коктелите се меѓу 4 и 6 евра.

Цена во ресторан: Килограм јагнешко месо под вршник чини 25 евра, талјатели со зеленчук 7 евра, бифтек со печурки 17 евра. Црно рижото 9 евра, грилован зеленчук 4,5 евра.


За 9,50 евра може да добиете обилен оброк којшто вклучува пилешка чорба, пилешки батак, пекарски компир, зелка салата и лепче. Доколку не сте љубители на месото може за истите пари да јадете шпагети болоњезе со домат салата и вино.

Во рестораните појадокот чини по 5 евра, а вклучува 3 јајца, кајмак, кисела краставичка и маслинки, може да бирате дали сакате пилешка, свинска или говедска сланина. Рестораните нудат и комплет вечера за 12 евра, а во цената има пилешка чорба, готово јадење (јунешка плескавица, пилешко филе на жар или 10 ќебапи), салата (домат, шопска или зелена салата) и десерт (палачинка со крем и плазма).

Рибни специјалитети: орада и бранцин 30 евра од килограм, лигни на жар 11 евра, полнети лигни 13 евра...

Скара: Ќебапи 7 евра, плескавица 7 евра, бела вешалица 7 евра, полнета вешалица 10 евра, караѓорѓева шницла 10 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг