3 причини поради кои на паровите им се препорачува да практикуваат утрински секс

Точка

09/08/2022

16:04

32.238

Големина на фонт

а а а

Како што наведуваат истражувањата, продуктивноста кај мажите и кај жените во текот на денот е поголема.

Некои од паровите најмногу уживаат во сексот навечер, додека пак има и такви кои во него уживаат во утринските часови. Тоа што е сигурно е тоа што кога и да имате секс, тој секако дека влијае позитивно на вашето здравје.

Овојпат ќе ви ги пренесеме предностите од утринскиот секс:

1. Поголема продуктивност

Во нашето тело во текот на сексот се лачат супстанции кои позитивно влијаат на нашето расположение. Така што не е лошо на овој начин да го поправите вашето расположение затоа што денот ќе ви биде многу повесел.


Истражување од 2018 година покажало дека од 1.000 луѓе кои учествувале во ова тестирање, 45 отсто жени и 53 отсто мажи, покажале подобра продуктивност во текот на денот, по утринскиот секс.

2. Помалку стрес

Во текот на односот во вашето тело се лачат допамин и окситоцин кои сигурно можат да ви помогнат да се чувствувате подобро и поопуштено. Тоа што е сигурно е тоа што по утринскиот секс ќе имате сигурно помалку стрес во текот на денот.


3. Нивото на тестостерон наутро е најголемо

Како што навеле некои од експертите, наутро нивото на тестостеронот кај мажите е највисоко, па поради тоа односот наутро е најдобар на почеток на денот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг