„Снагата карпа, душата памук, очите и насмевка космос“: Колегите и пријателите се простуваат од актерот Митко Апостоловски

Точка

05/08/2022

20:52

5.674

Големина на фонт

а а а

Македонскиот актер Митко Апостоловски почина денеска на 67-годишна возраст.

Веста за смртта на актерот ја објави Битолскиот народен театар кој напиша дека уште „долго ќе ја паметиме неговата исклучителна харизма со која пленеше од сцената“.

„Денеска нè напушти доајенот на македонското глумиште, долгогодишниот член на Народен Театар Битола, актерот со единствен стас и глас Митко С. Апостоловски. Неговата исклучителна харизма со која пленеше од сцената уште долго ќе ја паметиме. Нека ти е светол патот почитуван колега!“, стои во објавата на Фејсбук.

Денеска не напушти доајенот на македонското глумиште, долгогодишниот член на НТБ, актерот со единствен стас и глас Митко...

Posted by НУ Народен театар - Битола on Friday, August 5, 2022

Апостоловски во својата богата кариера имаше низа значајни улоги, а една од најпознатите е онаа во филмот „Трето полувреме“. Токму во ова остварување, актерот ја кажа можеби најмоќната реплика која гласи: „Македонија, тоа е свето име бе мамето ваше“.

Ќе остане запаметен и по улогите во филмовите „Големата вода“, „Година на мајмунот“, „Јас сум од Титов Велес“, „До балчак“ и други.

По тажната вест, неговите колеги и пријатели започнаа да се простуваат од актерот, а многумина од нив ја споделија токму репликата од „Трето полувреме“.

Македонија е свето име бе мамето ваше!

Потрудете се да не го обрукате!


RIP ?

Posted by Миа Костова on Friday, August 5, 2022

„Се сеќавам го прошетавме низ муабет цел Широк сокак. Беше тоа “пролетно” ноемвриско пладне. Некако останавме недокажани. Почивај во мир - Митко Апостоловски. Голем актер, доајен на македонското глумиште“, напиша на Фејсбук новинарот Мишко Иванов.

Се сеќавам го прошетавме низ муабет цел Широк сокак. Беше тоа “пролетно” ноемвриско пладне. Некако останавме недокажани. Почивај во мир - Митко Апостоловски. Голем актер, доајен на македонскто глумиште.

Posted by Мишко Иванов / Misko Ivanov on Friday, August 5, 2022

„Снагата карпа, душата памук, очите и насмевка космос, актерски виртуоз, доајен на битолското и македонско глумиште. Почивај во мир драг Митко С. Апостоловски, нека ти е вечно името и славата“, напиша актерката Јелена Жугиќ.

Снагата карпа, душата памук, очите и насмевка космос, актерски виртуоз, доајен на битолското и македонско глумиште

почивај во мир драг Митко С. Апостоловски,

нека ти е вечно името и славата❤️

Posted by Јелена Жугиќ on Friday, August 5, 2022

„Почина Митко С. Апостоловски. Актерот кој на филмското платно ќе биде запомнет по репликата “Македонија, тоа е свето име бе мамето ваше”. Битолчанец кој долги години работеше во театарот во Куманово и зборуваше перфектен кумановски. Почивај во мир Мице. Нека ти е светол патот. Ќе се видимо тамо негде на некоју раќију“, напиша на Фејсбук актерот Тони Михајловски.

Почина Митко С. Апостоловски. Актерот кој на филмското платно ќе биде запомнет по репликата “Македонија, тоа е свето име...

Posted by Toni Sanac Mihajlovski on Friday, August 5, 2022

„Остави траен белег на културната сцена и ќе биде засекогаш врежан во колективната меморија, на вљубениците во теататорот, но и кај сите граѓани. Почивај во мир Митко С. Апостоловски. Вечна ти слава!“, напиша министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Остави траен белег на културната сцена и ќе биде засекогаш врежан во колективната меморија, на вљубениците во теататорот, но и кај сите граѓани.

Почивај во мир Митко С. Апостоловски.

Вечна ти слава! ? ?

Posted by Бисера Костадиновска Стојчевска on Friday, August 5, 2022

„Македонската и балканската театарска и филмска сцена денес изгубија многу. Битолскиот театар остана без еден од своите доајени. Но, секогаш ќе те паметиме вака, како што беше великан на театарските штици и филмското платно“, напиша новинарката Неда Маретиќ.

RIP ?

Makedonskata i balkanskata teatarska i filmska scena denes izgubija mnogu

Bitolskiot teatar ostana bez eden od...

Posted by Neda Maretic on Friday, August 5, 2022



Спонзорирани линкови

Маркетинг