Рекордна неутронска ѕвезда „Црна вдовица“ помасивна отколку што се мислеше: „Физички невозможно“

Точка

05/08/2022

13:20

21.954

Големина на фонт

а а а

Една од најфасцинантните неутронски ѕвезди во универзумот се чини дека е уште помасивна отколку што мислеле научниците, и тоа на горната граница на она што се сметаше дека е физички возможно.

Научниците ја измериле масата на неутронската ѕвезда PSR J0952-0607 и откриле дека всушност таа е најмасивниот пулсар досега откриен, кој е 2,35 пати помасивен од Сонцето.

Ако е точно, ова би ја ставило „Црната вдовица“ на горната граница што научниците ја сметале за можна - околу 2,3 соларни маси за неутронска ѕвезда.

Ова исто така ја прави совршен кандидат за испитување на процесите што се случуваат во неутронските ѕвезди и подобро разбирање на чудната квантна состојба во која се наоѓа и материјата.

„Ние приближно знаеме како материјата се однесува во густината на јадрото, како јадрото на атом на ураниум. Неутронската ѕвезда е како огромно јадро, но нејзината маса е 500.000 до милион пати поголема од онаа на Земјата, а во тој случај има многу нејаснотии“, објаснува Алекс Филипенко од Универзитетот во Беркли.

Неутронските ѕвезди се срушени јадра на масивни ѕвезди чија маса била 8 до 30 пати поголема од Сонцето, пред да станат супернова и да исфрлат поголем дел од масата во вселената.

Јадрата што остануваат зад нив обично се околу 1,5 пати потешки од Сонцето и се едни од најгустите објекти во универзумот. Единствените погусти се црните дупки.

За подобра илустрација, треба да знаете дека целата таа маса е спакувана во топчест објект со пречник од само 20 километри.

При таква густина, протоните и електроните можат да се комбинираат во неутрони. Единственото нешто што спречува таква топка од неутрони дополнително да се сруши во црна дупка е силата потребна за да ја заземат истата квантна состојба.

Овие ѕвезди се исто така неверојатно брзи и нивните ротации се мерат во милисекунди. PSR J0952-0607 е вториот најбрз пулсар на Млечниот Пат и ротира околу својата оска 707 пати во секунда.




Спонзорирани линкови

Маркетинг