(Видео) Двојно лудилo: Лејди Гага ги потврди гласините поврзани со „Џокер“

Точка

05/08/2022

10:00

6.791

Големина на фонт

а а а

Лејди Гага го потврди тоа што долго време се шпекулираше во јавноста.

Имено, таа ќе се придружи на екипата на филмот „Џокер 2“ и заедно ќе го дели кадарот со легендарниот Хоакин Феникс.

Продолжението на „Џокер“, психолошкиот трилер награден со престижната награда Оскар, ќе се појави во кината ширум светот на 4 октомври 2024 година, соопшти портпаролот на филмската компанија „Warner Bros“.

Главната улога во продолжението „Joker: Folie a Deux“, којшто ќе го режира Тод Филипс ќе ја толкува Хоакин Феникс (47), пренесува „Ројтерс“.

Феникс којшто ја толкуваше улогата на Џокер претходно, доби и Оскар како најдобар машки актер во 2019 година.

Светските медиуми пишуваа дека новиот филм ќе биде мјузикл, а гласините дека во продолжението ќе се појави и Лејди Гага во улогата на Харли Квин, ги потврди самата пејачка на својот Твитер профил, објавувајќи краток тизер за филмот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг