Хоакин Феникс се враќа на големото платно како Џокер во новото продолжение на популарниот филм

Точка

04/08/2022

20:02

5.533

Големина на фонт

а а а

Хоакин Феникс се враќа во улогата на Џокер во истоименото продолжение на психолошкиот трилер кој се заснова на еден од најпознатите светски негативци од стриповите.

Во филмот „Joker: Folie a Deux“, Феникс ќе ја репризира главната улога која во 2019 година му донесе Оскар за најдобар актер, а која ја следи приказната за најголемиот непријател на суперхеројот Бетмен.

Филмот кој беше номиниран за Оскар во категоријата за најдобар филм и освои награда за најдобра оригинална музика, како и за најдобар главен актер, го режираше и продуцираше Тод Филипс кој заедно со Скот Силвер го напиша сценариото.

Ворнер Брос не откри многу детали за продолжението, меѓутоа познато е дека новото продолжение е всушност мјузикл во кој на Феникс ќе му се придружи и Лејди Гага како неговата партнерка, Харли Квин.

47-годишниот актер кој е познат по улогите на мрачни и емоционално проблематични ликови, е нашироко фален за една од, според многу критичари, најстрашните и највознемирувачки изведби во модерниот филм.


Тој е втората личност која доби Оскар за улогата на Џокер, следејќи ги стапките на Хит Леџер, кој постхумно ја освои наградата за најдобра споредна машка улога за својата интерпретација на ликот во филмот „The Dark Knight“ од 2008 година.

Се очекува „Joker: Folie a Deux“ да започне да се прикажува во киносалите од 4-ти октомври 2024 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг