„Walk-in“ туш кабини во мали купатила: 20 примери кои ќе ве инспирираат за (пре)уредување

Точка

28/07/2022

19:38

32.245

Големина на фонт

а а а

И додека едни сонуваат за голема пространа када совршена за долги купки, други посакуваат „walk-in“ туш кабини. Туш кабините на ниво на подот станаа многу популарни бидејќи штедат простор во купатилото, а воедно изгледаат и многу атрактивно.

За када ви е потребен поголем простор, но затоа „walk-in“ туш кабина можете да сместите и во најмалата бања.

Тоа е главната предност во споредба со кадата, но и стандардната туш кабина. „Walk-in“ туш кабината може да се приспособи на секој простор, вклучувајќи и поткровје кое е често многу тежок простор за уредување.


Во зависност од своите потреби и можности, можете да ја одвоите туш кабината со стаклена или ѕидна преграда, а секако ќе функционира и со класична завеса за туширање.

За сите оние кои немаат голем простор на располагање во купатилото, а би сакале да го преуредат истото, подготвивме галерија од фотографии од „walk-in“ тушеви сместени исклучиво во мали бањи. Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се за (пре)уредување: