Дали имате меморија за сите ваши спомени?

Точка

15/09/2022

12:11

43.161

Големина на фонт

а а а

Најпопуларната серија на Galaxy соѕвездието, серијата А е сè што ви е потребно кога се во прашање најубавите летни спомени. Меморија доволно голема да ја собере секоја насмевка, моќна камера која ќе го долови секој момент и префинет дизајн кој со задоволство ќе го носите секаде со себе. Запознајте го Galaxy A53 5G – паметниот телефон кој е вистински must have ова лето!

Samsung неодамна го претставија најновиот модел од добро познатата серија А на паметни телефони која обезбедува исклучително ниво на корисничко искуство за уживање во вашите омилени активности, содржини и апликации. Galaxy A53 5G се издвојува со подобрените карактеристики на камерата, нов моќен процесор, волшебно цврст екран и уште подобро поврзување со екосистемот Galaxy.


Нека секој момент остане запаметен

Моќниот систем со четири камери на Galaxy A53 5G нуди неверојатни можности за фотографирање и снимање со OIS камера од 64 MP и предна камера од 32 MP. Дополнителна предност е VDIS технологијата, која обезбедува стабилизација при снимање на кристално чисти видеа. Камерите користат технологија за вештачка интелигенција, која во комбинација со подобрениот Night Mode режим гарантира дека фотографиите, дури и кога се направени при слаба осветленост, ќе изгледаат беспрекорно. За љубителите на селфи фотографиите имаме одлична вест! Подобрениот Portrait Mode режим во комбинација со Fun Mode режимот ќе овозможи бескрајни опции за совршена селфи фотографија. Плус добивате и Object eraser можност со која може слободно да го избришете сè она што ви пречи на фотографијата!


Атрактивен дизајн за оние со префинет вкус

Функционален и модерен, Galaxy A53 5G е спакуван во функционален и модерен изглед со совршен Ambient Edge дизајн – тенка рамка која дава дополнителна софистицираност. Причина повеќе да го купите Galaxy A53 5G? Samsung се грижи за природата, па во склоп на иницијативата Galaxy for the Planet, пакувањето, страничните копчиња и отворот за СИМ картичка се изработени од рециклирани и одржливи материјали. Со својот атрактивен дизајн, Galaxy A53 5G ќе се вклопи со другите Galaxy уреди носејќи го корисничкото искуство на едно ново неверојатно ниво.


Волшебно цврст екран и неверојатни перформанси

Новиот 5nm процесор е одговорен за неверојатните перформанси на паметниот телефон Galaxy A53 5G. Опремен однадвор со екстремно силно заштитно стакло Gorilla® Glass 5, испорачува 6,5-инчен Super AMOLED екран со брзина на освежување од 120 Hz што ќе обезбеди непречено корисничко искуство и импресивен приказ на содржината. Со цел корисниците слободно да уживаат во прелистувањето на саканата содржина, паметниот телефон го содржи стандардот IP67 за отпорност на вода и прашина, додека со супер брзо полнење од 25 W, сите активности можат да траат подолго.


Обојте го летото во боите на Galaxy!

Што велите за 8 GB RAM меморија, 256 GB ROM и неверојатни 220 GB достапна меморија? Сега нема повеќе изговори дека нешто останало заборавено! Со Galaxy А53 5G секоја насмевка ќе биде засекогаш зачувана.

Повеќе информации може да најдете на: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a/galaxy-a53-5g-awesome-black-256gb-sm-a536bzkleuc/.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг